Се чека ред за новите 100 милиони евра од ЕИБ

Bez autora
Mar 28 2011

Бизнисмените се' погласно прашуваат кога ќе стигнат новите евтини 100 милиони евра од Европската инвестициска банка. Тие велат дека се одобрени над 40 проекти од страна на банките, кои ги чекаат новите пари, но прашање е кога тие ќе стигнат. Во меѓувреме, банките прават листи на чекање. Се' поголем е интересот кај фирмите за овие кредити. Во услови на чекање на новите 100 милиони од ЕИБ, ние на фирмите им одобруваме од нашите кредити, но со назнака дека по пристигнувањето на парите од ЕИБ тие ќе се префрлат на оваа поевтина кредитна линија, со камата од 5,5 отсто. Сепак, фирмите стравуваат дека парите ќе бидат одобрени дури по изборите, со оглед на процедурата, а ги плаши и неизвесноста кога воопшто ќе се одржат вонредните избори, а потоа и кога ќе се формираат новиот парламент и владата, кои треба да дадат виза за овие средства.

Се чека ред за новите 100 милиони евра од ЕИББизнисмените се' погласно прашуваат кога ќе стигнат новите евтини 100 милиони евра од Европската инвестициска банка.

Тие велат дека се одобрени над 40 проекти од страна на банките, кои ги чекаат новите пари, но прашање е кога тие ќе стигнат.

Во меѓувреме, банките прават листи на чекање. „Се' поголем е интересот кај фирмите за овие кредити. Во услови на чекање на новите 100 милиони од ЕИБ, ние на фирмите им одобруваме од нашите кредити, но со назнака дека по пристигнувањето на парите од ЕИБ тие ќе се префрлат на оваа поевтина кредитна линија, со камата од 5,5 отсто“, објаснуваат од банките.

Сепак, фирмите стравуваат дека парите ќе бидат одобрени дури по изборите, со оглед на процедурата, а ги плаши и неизвесноста кога воопшто ќе се одржат вонредните избори, а потоа и кога ќе се формираат новиот парламент и владата, кои треба да дадат виза за овие средства.

Од Македонската банка за поддршка на развојот информираат дека тие веќе испратиле официјално барање до ЕИБ за одобрување нова кредитна линија од 100 милиони евра, а очекуваат во април да се случи тоа. Но, нејзината практична примена може да биде одложена по изборите, бидејќи одобрување за неа прво треба да даде владата, а потоа и Собранието, со оглед на тоа дека државата се јавува како гарант. Изборите можат да ја одложат целата оваа процедура, а на фирмите им се брза. Од Министерството за финансии нема одговор дали ќе стигнат да ја забрзаат процедурата, со што и парите ќе бидат достапни.

Ниската камата од 5,5 отсто е најголема причина за големиот интерес за овие кредити. При недостиг од други заеми од домашните банки поради нивната конзервативност и високите камати, компаниите во последен момент посегнаа по евтините кредити од ЕИБ. Речиси сите пари се веќе повлечени од претходната линија, се очекува последните осум милиони евра да пристигнат оваа недела. Оваа евтина кредитна линија почна да се реализира кон крајот на 2009 година, како антикризна мерка за да им се помогне на компаниите полесно да се справат со последиците од кризата, но најголемото забрзување го доживеа во последните три месеци, кога виза за неа добија и големите компании. Водеше прехранбената индустрија. Најголемиот број фирми од овој сектор побарале кредити. Но, од банките велат дека интересот бил голем и од градежништвото и од металната индустрија.

И кај малите и кај средните претпријатија, кои имаа приоритет во почетокот, најбројни се оние од прехранбената, конзервната, градежната индустрија, но со овие кредити започнале инвестиции и неколку печатници.

Околу 70 проценти од проектите се наменети за инвестиции, за машини, опрема, и тие се со рок на отплата до пет години. Другите, пак, се кредити за трајни обртни средства, за набавка на репроматеријали, за исплата на плати, а тие се со рок на отплата до три години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik